| четврток, 6 декември 2018 |

Расте бројот на баратели на азил од Западен Балкан во ЕУ

azil

Според механизмот за мониторинг на пост-визната либерализација кон Европската унија на земјите од Западен Балкан, во периодот од мај до јули 2014 година, бројот на баратели на азил од Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија во земјите од Шенген-зоната се зголемил за 40 проценти во споредба со истите три месеци во 2013 година, јавува дописникот на МИА од Брисел.
Ваквиот податок денеска го лиферуваше новиот еврокомесар за миграција и внатршени рбаоти на Европската комисија, Димитрис Аврамопулос, со нотирање дека речиси две третини од западно-балканците што бараат азил се од Србија и Албанија.
Високиот пораст на баратели на азил е со зголемена амплитуда и во текот на оваа година, па според податоците на Брисел, пораст од седум проценти е забележан летово и во споредба со периодот од февруари до април 2014 година. Притоа, Германија останува далеку најпогодена земја-членка на ЕУ, соочувајќи се со над 11.000 од речиси 15-те илајди апликации за зазил, поднесени од лица од некоја од петте земји од Балканот.
На оваа листа, следуваат Шведска и Франција, со по околу 1.000 апликанти од земјите од Западен Балкан, па Белгија со над 400 апликации. Граѓаните на Србија се најголема група на баратели на азил од Западен Балкан (вкупно 41 процент од вкушниот број баратели од регионот), по што следуваат граѓаните на Албанија (25 отсто од вкупниот број на баратели).
Инаку, апликантите од петте земји од Западен Балкан се вкупно десет проценти од вкупниот број баратели на азил во земјите од Шенген-зоната, додека лани, нивниот процент бил девет отсто. Со цел да се обезбеди ефикасност и правичност на постапките за азил, законодавството на ЕУ-земјите за оваа област содржи повеќе дискрециски одредби што дозволуваат процедурални олеснувања во справувањето со апликациите за азил.
– Овие одредби јакнат и повеќе од јасно се ограничени од страна на инструментите за преработка кои го сочинуваат Заедничкиот европски систем за азил. Проценката дали се исполнети условите за примена на овие одредби и, ако е така, носењето на одлука дали и како да се користат,  секоја земја-членка на Унијата го превзема во рамки на границите на сопственото законодавство во однос на процедурата за азил – се наведува во документот на Еврокомисијата.
Инаку, грчкиот еврокомесар Авромопулос планира да го објави петтиот извештај за мониторинг на пост-визната либерализација за земјите од Западен Балкан до крајот на оваа година, по што ќе се увиди дали има потреба ЕК да ја употреби клаузулата за деактивирање на безвизниот режим кон некоја од државите. Засега, таква можност е исклучена, но во Комисијата велат дека, во случај некоја од ЕУ-земјите, сепак, да побара активација, дека тогаш најблиску да добие враќање на визите за влез во Унијата е Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top