| четврток, 6 декември 2018 |

Јункер „преживеа“ гласање недоверба

junkerЕвропскиот парламент ја отфрли резолуцијата за гласање недоверба на Комисијата на претседателот Жан-Клод Јункер, со 461 глас против, 101 за и 68 воздржани, јавува МИА од Стразбур.

Барањето за гласање доверба беше поднесено од 76 европратеници, од кои најголемиот број од британската УКИП и францускиот Национален fронт, по дебатата на пленарната сесија одржана на 12 ноември околу аферата „Луксликс“ – за затајување и избегнување плаќање данок од светските компании со посредство на Луксембург.

Дебата за резолуцијата се одржа во понеделникот вечерта.

Според деловникот на ЕП, за да се распушти Европската комисија, резолуцијата за недоверба требаше да добие двојно мнозинство, две третини од гласовите на тие што гласаа и мнозинство од сите европратеници, односно 376.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top