Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) ја поддржа одлуката на Фондот за здравствено осигурување за избраниот модел за исплата на породилни отсуства и боледувања. Избраниот модел, според ССК, ќе биде корисен и за граѓаните и за компаниите.
– На работниот состанок во октомври годинава, на кој ФЗОМ одржа презентација на проектот „Побрза исплата на породилните надоместоци и боледување“, компаниите членови на ССК, го поддржаа проектот и новините кои од технички аспект ќе ја подобрат и олеснат работата на компаниите. Со намалување на административните процедури и документација, која во најголем дел се предвидува да биде електронска, ќе се заштеди време и ќе се постигне крајната цел на проектот, задоволни граѓани- изјави претседателката на Комората, Данела Арсовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
За лажно боледување во Србија ќе следува отказ
-
Ако одите на одмор во странство: ФЗОМ со важно известување до сите граѓани
-
ФЗОМ не сака преку медиумите да комуницира со своите партнери, најавува средба со Здружението на приватни гинеколози
-
Гинеколозите ќе издаваат само упати, а ФЗОМ нека лекува пациентки