| четврток, 6 декември 2018 |

Загина рудар во Албанија

rudariЕден рудар го загуби животот, а друг е тешко повреден како последица на голем одрон во рудникот за хром во албанскиот град Булќиза.

Несреќата се случила во галеријата Г20 во моментот кога двајцата рудари извршувале секојдневна работа, но голем одрон се оделил и паднал врз нив, јави МИА од Тирана.

Животот го загуби Леонард Шабани (30) додека тешко е повреден две години помладиот Рамиз Чупи, кој е хопситализиран во градската болница.

Нивните колеги, рудари веднаш им притекнале на помош, но жив од под одронот го извадиле само едниот од нив.

Ова не е прв случај на албански рудар да го губи животот во овој рудник. Поради лошите услови за работа, рударите повеќе пати протестираа и бараа подобрување на условите за работа во рудниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top