| четврток, 6 декември 2018 |

Успешните луѓе носат иста гардероба секој ден и за тоа имаат многу добра причина

Barack-Obama_2633659b-1

Американскиот претседател Барак Обама има нешто заедничко со многу луѓе, кои со своите достигнувања ја обележале денешнината, а тоа е дека сите ги гледаме едноставно облечени и во комбинации што ретко ги менуваат.

Еве и зошто е тоа така.

Барак Обама има многу грижи и, најверојатно, најтешката работа во свет, земајќи предвид дека е на чело на една од најмоќните држави во светот.

Токму поради тоа, Обама се решил да носи ист костум секој ден. Тој најчесто може да биде виден во тегет или сив костум, а за списанието „Ванити фер“ открива и зошто е тоа така.

– Се трудам да ги намалам бројот на одлуки што треба да ги донесам. Не сакам да решавам за тоа што ќе јадам или што ќе носам, рекол тој и додал дека прочитал истражување во кое се тврди дека донесувањето на премногу одлуки ја намалува способноста за натамошно одлучување.
20121003-steve-jobs

Тој не е единствениот што размислува така . Стив Џобс најчесто носеше ролка, фармерки и патики, а основачот на „Фејсбук“, Марк Цукенберг не излегува од сивата маичка, црната тренерка и фармерките.

facebookbig

И Алберт Ајнштајн своевремено си купил неколку сиви костуми за да не си го губи времето околу донесувањето одлуки што да облече секое утро.
Дали некогаш сте размислиле колку време губите на размислување што да облечете за на работа?

Успешните луѓе немаат таков проблем затоа што носат едно исто речиси секој ден и своето време го трошат на донесување многу поважни одлуки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top