Ги паметиме Доволно луд, Ти си тој, Кажи ми, го паметиме интересното девојче кое пееше Петко, ги паметиме настапите со нејзината сестра Тања, настапот со Тања, Игор Џамбазов и Џон Илија Апелгрен со Љубов запеј ни… Тоа е Лидија Кочовска, Македонката со прекрасен глас и одлични мелодии. Недостига на сцената, недостига нејзиниот глас, недостигаат нејзините песни. Ја побаравме да видиме каде е денес и дали планира повторно да застане на сцената:
-Како човек сум многу отворена, таква ќе бидам и сега. На сцената се појавија наводни пејачи кои што се далеку од нивото кое е потребно и на кое што сме навикнале да го слушаме во изминатите 2-3 децении, низ кои егзистираше исклучиво квалитет. Тешко ми е да бидам дел од моменталната естрадна приказна, затоа поретко ме има.
Но тоа не значи дека извонредниот глас на Лидија нема повторно да го слушнеме со некој нов хит. Кога го правевме разговорот таа беше во Холандија, поради настапот на хуманитарен концерт во Утрехт, по повод доизградба на Манастирот Св. Јован Бигорски во Македонија.
-Тука сум три недели со мојата најблиска другарка Маја Павловска која е и мој текстописец и набрзо ќе стане мој официјален менаџер. Таа има планови кои треба заедно набрзо да ги реализираме. Се работи за мои настапи во Македонија но и надвор однеа. Повеќето ќе бидат надвор од неа. Кога ќе имаме конкретни информации ќе бидете известени – ни рече Лидија.
Ја прашавме дали наскоро ќе има некој нов хит, нова безвременска мелодија. Таа вели:
-Тие безвременски мелодии се крчкаат, но здравје, чекаме да дојде момент кога ќе бидат објавени .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.