| четврток, 6 декември 2018 |

ОМД бара од Бугарија да се извини за депортацијата на македонските Евреи

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) бара од бугарската влада јавно да признае дека, како резултат на соработката со Германија за време на Втората светска војна, биле депортирани 7.144 македонски Евреи во концентрационите логори во Треблинка, Полска.

ОМД бара од бугарските власти и официјално да ѝ се извинат на македонската еврејска заедница.

– Бугарија е членка на НАТО и на Европската унија и има должност да се помири со своето трагично минато и официјално да ѝ се извини на македонската еврејска заедница – велат од ОМД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top