| четврток, 6 декември 2018 |

Втор Бал на различности

da-gi-spoime-nashite-svetovi-porachuva-rebeka-198695

Вториот Бал на различности, во организација на Здружението на граѓани за лица со дисфункција, хендикеп, ретки болести и посебни потреби „Дајте ни крилја“ ќе се одржи вечерва во Македонскиот народен театар (МНТ) во 19 часот. Покровител е сопругата на претседателот на Република Македонија, Маја Иванова.

– Целта на овој настан е во секој сегмент да ги вклучиме лицата со посебни потреби и да помогнеме во подигнувањето и менувањето на свеста кај луѓето, а воедно на сцената јавно ќе имаме можност да им се заблагодариме на сите пријатели, помагатели на здружението во изминатиов период – велат од Здружението.

Мисијата на „Дајте ни крилја“ е да ја подигне свеста за потешкотиите со кои овие лица секојдневно се соочуваат, да придонесе да ги уживаат своите права и да се обезбеди нивно вклучување во опшеството.

На програмата на Балот на различности се настапи на повеќе македонски музички ѕвезди и актери. Ќе биде одржана и модна ревија, како и балетски настап. На крајот ќе се одржи чоколадна аукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top