Во Шведска нема збор за женската мастурбација, па затоа во јуни 2015 година ќе се одржи национално гласање за избор на соодветен збoр. Швеѓанките се соочуваат со сериозен избор. Идното лето тие имаат задача да изберат збор за процесот на самозадоволување бидејќи во шведскиот јазик нема таков поим. Конкурсот за најдобар збор за женска мастурбација го организира непрофитабилното здружението „РФСУ“, кое се занимава со односите и со сексот.
До овој момент населението може да избира меѓу 1000 предлози, од кои комисија ќе избере 34 предлози. Потоа ќе останат само три, од кои следното лето ќе биде избран „победникот“. Во моментов, на повеќето им се допаднале зборовите „klittra“, „pulla“ и „selfa“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.