| четврток, 6 декември 2018 |

Кабул: Напад врз британско дипломатско возило, пет лица загинаа

­ Најмалку пет лица загинаа, а 30 се повредени кога бомбаш­ самоубиец изврши денеска напад врз автомобил на британската амбасада во Кабул.

Административниот началник на кабулските болници Кабир Амири рече дека жртвите биле Авганистанци цивили. Според него, 34 лица биле повредени.

Портпаролот на британската амбасада го потврди нападот изјавувајќи дека неколку лица во автомобилот биле повредени. Според него, во возилото немало британски дипломати.

Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот, извршен во источниот дел на авганистанската престолнина, каде што се наоѓаат многу странски претставници и меѓународни воени објекти.

Според локални медиуми, меѓу убиените имало двајца странци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top