Денес навршуваат седум години од смртта на поранешниот претседател на Србија и на СР Југославија, Слободан Милошевиќ, кој почина во притвор во Хашкиот трибунал.
Милошевиќ, кој важи за една од најконтроверзните политички фигури на Балканот, е роден на 20 август 1941 година.
Во мај 1989 година беше избран за претседател на претседателството на тогашна СР Србија, а на првите повеќепартиски избори во декември 1990 година е избран за претседател на Србија.
На предвремените избори во 1992 година повторно е избран за претседател на Србија, а од 1997 година до 2000 година беше претседател на СР Југославија.
Меѓународниот кривичен суд во Хаг поднесе обвинение за него на 27 мај 1999 година за време на бомбардирањето на НАТО на Србија. Ерата на владеењето на Милошевиќ заврши во октомври 2000 година со победата на Демократската опозиција на Србија на изборите за претседател на СРЈ. Беше уапсен на 1 април 2001 година, а испорачан на судот во Хаг на 28 јуни истата година. Погребан е во дворот на семејната куќа во Пожаревац.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


