Бугарското обвинителство подигна обвинение против исламски верски лидер и уште шест други лица поради ширење пропаганда во корист на екстремистичката организација Исламска држава.
Заменикот главен обвинител Борислав Сарафов изјави дека се обвинети една жена и шест мажи, меѓу кои и нивниот верски лидер Ахмед Муса, сите обвинети за ширење антидемократска идеологија.
Сарафов рече дека верува дека обвинетите дејствувале како организирана криминална група предводена од имамот.
Имамот држел проповеди во џамија украсена со знамиња на ИСИС и ги повикувал следбениците да бидат подготвени да се борат против христијанството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.