Нов Зеланд е во полн економски развој, но неговите жители се повеќе покажуваат интерес за иселување и запознавање на други краишта на светот. Затоа на земјата и се потребни се повеќе странски работници. На претстојниот саем за вработување во Синдеј, се очекува Нов Зеланд да претстави околу 1.200 испразнети работни места. Според пресметките, пак, на оваа земја со висок животен стандард во следните две години ќе и бидат потреби дури 50.000 странски работници.
Најдефицитарни се градежните работници, инженерите, здравствените работници и информатичарите. Најголем адут на оваа земја е високиот квалитет на животот што го нуди, кој е меѓу највисоките во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.