Утре во ресторанот „Бела“ на патот кон Марков манастир ќе се одржи Донаторска вечер во организација на Фондацијата „Д-р Михаил Левенски“. Целта на одржувањето на оваа донаторска вечер е собирање сретства за возобновување на храмот „Свето Вознесение Христово“ во селото Владимирово кој неодамна беше оштетен од пламените јазици.
На донаторската вечер присутните ќе може да донираат парични сретства во согласност со нивните можности, но и да учествуваат во донацијата со купување на книги и други производи. Ќе се продаваат книги од д-р Михаил Левенски и од други автори по потекло од Владимирово, како и компакт диск од Драган Даутовски и Горан Алачки. Покрај ова ќе се продаваат и производи од жители на Владимирово донирани по овој повод.
Ќе бидат изложени и реликвии кои успеале да го преживеат пожарот, како: ореолите од иконите на Богородица и Исус Христос, дланката од иконата на Богородица, остатоци од изгорени кандила…Овие предмети ќе бидат изложени само утревечер, а птоа ќе бидат вратени во сопственост на храмот каде и припаѓаат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.