| четврток, 6 декември 2018 |

Знаци кои покажуваат дека сте зависник од вашиот смартфон

131581_1

Смартфоните се незаменлив дел од модерниот живот. Прекумерната нивна употреба, сепак има и една друга страна – зависност од нив. Најверојатно повеќе од 90% од анкетираните корисници на смартфони ќе речат дека не се зависници од своите мобилни телефони. Дали тоа сепак навистина е така?

Еве некои прашања, чии одговори би можеле да ви помогнат да бидете објективни во проценката:

– Поминувате ли со смартфонот повеќе време отколку што реално сте свесни?

– Дали се чувствувате непријатно кога смартфонот  не е до вас?

– Ако одговорот на овие прашања е „да“, тогаш е можно да имате сериозен проблем и да сте зависник од апаратот.

download

Еве ги и останатите знаци:

1. Погледнувате кон вашиот смартфон, за да видите каква е температурата надвор и какво е времето, наместо да си погледне низ прозорецот или да излезете на тераса. Истото го правите и за да се информирате колку е часот на смартфонот, наместо на часовникот на вашата рака.

2. Потребно ви е да му кажете на партнерот да ги оставите смартфоните, за да ги гледате омилените ТВ серии или да вечерате.

3. Одговарате на e-mail, додека сте на релаксирачка масажа.

4. Кога на вашите деца им се наметнува потребата да ви праќаат текстуални пораки, затоа што знаат дека тешко ќе обрнете внимание на нешто надвор од вашиот смартфон.

5. Се надевате дека ќе ве фати црвено на семафор на патот кон дома, за да можете да одговорите на текстуални пораки или да влезете на социјална мрежа.

6. Кога вашето дете првпат црта со телефон во рака.

7. Ако откако ќе се разбудите го земате прво смартфонот, пред да одите до бањата.

8. Спиете со смартфонот под перница, за да не пропуштите ништо.

9. Избирате облека со џебови што ќе ви биде  најзгодна за смартфонот.

10. Гледате слики на смартфонот, наместо да уживате во моментите кои ви опкружуваат.

pixel.mk-aplikacija-za-smartfon-zavisnici-3102

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top