Најдобар бизнис сајт и најдобар веб сајт за храна и здравје се номинациите каде се натпреварува нашиот најголем производител во сувомесната индустрија и лидер во дистрибутивно – логистичката дејност „Пекабеско“.
Гласањето трае до 5 Декември оваа година, а интернет посетителите можат да гласаат на веб страната www.sajtnagodinata.mk. Секој може да распредели по 3 гласа во секоја категорија.
Пекабеско се натпреварува во две категории: Најдобар бизнис/корпоративен сајт и најдобар веб сајт за храна и здравје.
Како што информираат организаторите на манифестацијата, изборот на Сајт на Годината е проект кој има за цел да ги промовира, развива и поддржува интернет медиумите и севкупното интернет издаваштво во Македонија. Сајт на Годината ги адресира сите прашања поврзани со електронскиот медиум и простор во Македонија. Мисијата на оваа манифестација е да го подигне нивото на електронскиот медиумски простор во Македонија преку препознавање и наградување на најдобрите остварувања од разни области на електронското издаваштво и развој на интернет културата во Македонија.
Mанифестацијата „Сајт на Годината“ е во организација на Медиа Солушн и системот за онлајн реклами keepaneye.mk, а се одржува по јубилеен петти пат оваа година. Победниците во сите категории ќе бидат прогласени на 11 Декември годинава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ела Памфилова претседателска на руската ЦИК: Имаше хакерски напади од ај-пи адреси од 15 држави
-
Сајтот на МАН повторно во функција: Техничката грешка е отстранета
-
Пекабеско инвестира над 1.4 милиони евра во нова опрема и машини
-
Сајтот на главниот советник на Трамп тргна отворено против Џорџ Сорос и неговите платеници