Второлигашот Еурмилк приреди сензационален пресврт против актуелниот шампион Работнички и од резултат 0-2, стаса до победа од 3-2 во првиот натпревар од четвртфиналето на националниот куп.
Ова беше последниот дел од првата четвртфинална рунда во купот, откако претходно веќе се одиграат првите натпревари во трите преостанати пресметки.
Ацо Стојков со два гола му донесе предност на фаворитот уште во првото полувреме, а во финишот на првите 45 минути од пенал на 1-2 намали Јашаровски.
Во продолжението Пандовски израмни на 2-2, а во самиот финиш на мечот Јовановски постигна погодок за победа на Еуромилк. Реваншот ќе се игра на 6. декември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.