| четврток, 6 декември 2018 |

Почина творецот на теоријата за „слободни радикали“ и стареењето

18684753495474f1c079697767093689_330x390

Американскиот научник Денам Херман, кој ја разви широко прифатената теорија за стареењет која сега служи како онова за истражуање на ракот, Алцхајмеровата болест и други заболувања, почина денеска во Небраска, во 99 година.

Херман, кој во средината на 90-те години работеше во Медицинскиот центар на Универзитетот Небраска почина по кратка болест во болницата во Омахи.

Неговото истражување инспирираше илјада млади научници кои работат на студиите за стареење.

Тој ја разви теоријата за слободни радикали во 1954 година, иако беа потребни години дополнителни истражувања за да се докаже нејзиното значење. Тој веруваше дека процесот на стареење може да се успори со намалување на производството на слободни радикали и тоа со здрав начин на исхрана, редовно вежбање и пиење одредени витамини. Тој исто така препорачување огрничено пиење алкохол, и не пушење цигари.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top