| четврток, 6 декември 2018 |

Исклучете ја опцијата „seen“ на „Фејсбук“

Доколку некогаш сте сакале некој да не дознае дека сте ја прочитале неговата порака на „Фејсбук“, односно да не му оставите „seen“, сега може да ги избегнете ваквите ситуации.

Станува збор за апликацијта „Facebook Unseen“, која ќе ви овозможи да ги проверите новите пораки без да оставите знак дека сте ги прочитале.

„Фејсбук Unseen“ не е замена за основната апликација „Фејсбук месенџер“ и служи само за преглед на пристигнатите пораки, но нема да ве открие дека сте ја прочитале, односно нема да има „seen“.

Оваа апликација е бесплатна за инсталирање за Андроид од Play Store.

fb-11

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top