| четврток, 6 декември 2018 |

Зафир Хаџиманов: Може да бидеме најпаметни, најубави, ама ако нема доказ, се е џабе

Хаџиманов, кој е амбасадор на културата на Македонија во Србија каде што живее и работи повеќе децении издаде ЦД во кое се помесетни 19 песни од неговото творештво. Тој оваа година одбележува 70 години живот и 55 години кариера

kompozitor

Џабе е да држиме говори за тоа колку сме најубави, најпаметни, патриоти, морални, ако за тоа нема доказ. Еден таков доказ е ова ЦД кое излезе со поддршка на Министерството за култура на Македонија – изјави македонскиот пејач, шансониер Зафир Хаџиманов, кој денеска се сретна со Елизабета Канческа Милевска, минстерката за култура.

Хаџиманов, кој е амбасадор на културата на Македонија во Србија каде што живее и работи повеќе децении издаде ЦД во кое се помесетни 19 песни од неговото творештво. Тој оваа година одбележува 70 години живот и 55 години кариера и по тој повод е и ова ЦД кое воедно е неговото прво ЦД во Македонија.

На носачот на звук има повеќе песни кои го одбележаа неговото творешво:„Како Вардар“, „Од љубов не се бега“, „Зајди, зајди“,  „Саноќ седам Трено“, „Љуби ме и главата горе“, „Не се давај Скопје“…


Ова ЦД е објавено во 10 илјади примероци.

– Не е лесно да се слави ваков јубилеј. Колку што е убаво, има и горчлива страна. Годините си го прават своето и носат она што не е најубаво, а тоа е старост. Се надевам дека ќе се видиме и за десет години – вели Хаџиманов, кој освен како пејач, јавноста го познава и како актер и писател. Не му е туѓ ниту театарот, ниту филмот, а уште помалку убавиот збор.

Македонскиот популарен пејач се надева дека со ова ЦД ќе се израдуваат голем број почитувачи на музикат која тој ја создава со децении.

– Ние кога ја почнуваме кариерата, во ’58, ’59, ’60 година немавме големи студија за снимање, продукции, но затоа пак критериумите беа построги. За да се испее песна, требаше да се мине низ неколку „сито и решето“ – се присетува Зафир Хаџиманов.

Тој од министерката за култура доби подарок икона и книга со ДВД издание „Нашата прекрасна Македонија“.

– Ретко имаме уметник кој во себе обединува повеќе уметности, како театар, филм, книжевност. Сето творештво на Хаџиманов е од огромно значење за националната промоција на македонската култура – изјави Канческа-Милевска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top