| четврток, 6 декември 2018 |

Медицинска сестра убивала пациенти, па со насмевка на лицето се сликала со нив

541567_daniela-poggiali01-foto-twitter_f

Шокантни фотографии  на медицинската сестра Даниела Поџали (42) од местото Луго ди Ромања во централна Италија го обиколија светот, која во разни пози и со насмевка стои пред мртвите пациенти во болницата во која работела. Медицинската сестра е уапсена во октомври и е осомничена за убиство на дури 38 пациенти.

Фотографиите  ги обелоденила колешка на Даниела која ги испраќала сликите преку Вотс Ап. Таа тврди дека била приморана да учествува во гнасниот чин затоа што Даниела важела за многу осветољубива членка на медицинскиот колектив.

„Доколку некој се замери со неа, се случуваше да им дава прекумерна доза лаксатив на пациентите само да ја отежне работата на колегите кои беа на смена по неа“ сведочела поранешната медицинска сестра.

И двете жени ја изгубиле работата, а Даниела се наоѓа во затвор и ја теретат за убиство на 38 пациенти.

Даниела им станала сомнителна на раководството на болницата дури откако во текот на нејзината смена од необјаснива причина починале 38 пациенти. Од аутопсијата е утврдено дека пациентите починале од смртоносна супстанца која во САД се вбризгува на осуденици во случај на смртна казна.

Како отров користела раствор со смртоносна количина на калиум, кој од организмот исчезнува по 48 часа.

541568_daniela-poggiali02-foto-ansa_f

541569_daniela-poggiali03-foto-ansa_f

 

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top