| четврток, 6 декември 2018 |

Немало реекспорт од Македонија во Русија

овошје

– Целиот извоз од Македонија за Русија на земјоделски производи се состои од македонски производи, констатираше Владата на вчерашната седница – објави министерот за економија Беким Незири.

Тој посочи дека комисијата задолжена за испитување на обвинувањата од руска страна за реекспорт на европски земјоделски производи од Македонија во Русија вчера пред Владата го доставила извештајот според кој сите македонски компании извезувале само македонски земјоделски производи во Русија и воопшто не го прекршиле законот.

– Нашите заклучоци ќе ги доставиме до Руската Федерација за да се направи споредба со нивните и очекуваме во најскоро време овој случај да биде затворен – рече министерот Незири

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top