Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 20-годишниот В.Ш. од струшкото село Делогожда поради основано сомнение дека извршил осум кривични дела кражби и тешки кражби.
Како што соопшти портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, пријавениот извршил две кражби и шест тешки кражби во Делогожда во периодот од мај до ноември годинава.
– Во куќите влегувал откако ќе ги забележел сопствениците како заминуваат на работа. Тој се качувал на терасите и насилно ги отворал балконските врати. Знаејќи дека во куќите нема никој или дека сопствениците се во странство, пријавениот ги оштетувал решетките од прозорците на приземјето, го кршел стаклото и влегувал. Ги пребарувал собите и одземал пари, златен накит како и други вредни предмети – вели Димоски.
Одземениот златен накит, В.Ш. го продавал во неколку златарници во Струга по што, парите ги трошел во казина и за свои лични потреби.
Од извршените кражби и тешки кражби, тој се стекнал со противправна имотна корист од околу 500 илјади денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Грк украл врв од столб од Акропол
-
Милионска кражба во Македонија: Обиен сеф на приватна фирма
-
Фатил жена во кражба: Кога ги видел нејзините деца наместо да ја уапси направил нешто неверојатно(видео)
-
Крадците го опустошија градот повеќе од ураганот: Група луѓе влегуваат по маркети и носат што ќе најдат(видео)