Огласот нуди работа која може да ви донесе и до 50.000 евра годишно заработувачка, таа е со флексибилно работно време, а платени ви се сите патни трошоци. Се што ви треба е храброст!
Се работи за британската компанија „UK Paintball“, која бара човек на кој ќе може да ги испробува нивните нови куршуми од боја. Иако пејнтбол како игра изгледа забавно, колоритните топчиња навистина се како куршуми, и можат да бидат преболни.
Компанијата, пишува „Би-Би-Си“ веќе добила повеќе од 40 пријави за оваа работа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.