| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто некои држави се богати, а некои сиромашни? (видео)

drzave_25112014_screen

Во видео кое го осмислила и го објавила организацијата „Д скул оф лајф“ на својот службен профил на Јутјуб можеме да ги видиме клучните фактори кои, по нив, влијаат на тоа дали некоја држава ќе биде богата или сиромашна.

Во светот постојат 196 држави. Од нив 25 држави се многу богати и во тие држави просечен жител располага со околу 100 илјади долари годишно.

На светот исто така постојат и 20 многу сиромашни држави (19 африкански земји и Авганистан) во кој просечен жител располата со помалку од 800 долари годишно што значи дека дневно на располагање имаат отприлика по 3 долари.

Богатството не е клучен фактор денес во процесот на развивање на државите, по  правило сите држави поминуваат низ тој процес, но кај сиромашните земји тоа се одвива многу споро. На пример, Зимбабве со своето темпо на развој ќе достигне стандард на богата држава дури за 2722 години.

Но кои се тие клучни фактори кои државите ги карактеризираат како напредни, богати и развиени, а кои се тие што ги прават државите заостанати, сиромашни или во најдобар случај земји во развој?

Три клучни фактори се: институциите, културата и географијата.

Богатите земји како на пример Данска, Нов Зеланд, Шведска, Норвешка, Германија, Велика Британија, Исланд и други скоро и да немаат корупција, додека најкорумпираните земји во светот се и тие што се сиромашни. Сомалија, Сирија, Либија, Судан, Иран, Северна Кореја, Камбоџа се само некои од нив, а нивниот проблем со корупцијата влијае и на квалитетот на здравството, образованието и останатите институции во државата.

Според организацијата, најуспешни се всушност оние држави кои ја одвојуваат религијата од државата и кои жители во просек и не се толку религиозни. Исклучок е САД во која религијата не го „успорила“ економскиот развој. Исто така најсиромашни се земјите кои и се религиозни.

Трет фактор е географската положба на земјата, така што најсиромашните се сместени во пределите со тропска клима.

Условите за живот во таква клима се подалеку потешки, а тие и делуваат на лошиот развој на агрокултурата поради помалку плодното земјиште.

Освен тоа, проблеми доаѓаат и со ширењето на тропските болести, а високите температури се погодни за вируси и бактерии.

На пример државите каде што температурите за време на есенските месеци се спуштаа под 16 целзиусови степени, се сметаа за климатски најпогодни за живот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top