| четврток, 6 декември 2018 |

Меси го урна рекордот на Раул

Најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси синоќа на натпреварот против АПОЕЛ се запиша во историјата на Лигата на шампионите, откако од четирите постигна три гола, односно вкупно 74 со што стана најдобриот стрелец во историјата на елитното натпреварување.

Аргентинецот на Кипар три пати ја погоди мрежата на АПОЕЛ со што стигна до бројката од 74 гола во Лигата на шампиони. Голот со кој го симна Раул Гонзалес Бланко од првото место на вечната листа Меси го постигна во 38.минута,  20 минути подоцна тој го постигна и својот втор гол, а хет трикот го комплетираше во 84.минута.

Меси за само три дена собори два рекорди, најпрвин во саботата постигна три гола против Севилја и со 253 голови стана најдобриот стрелец во Примера. Во вторникот против АПОЕЛ, четирикратниот освојувач на „Златната топка“, стана и најдобра стрелец во ЛШ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top