Со протестна прошетка на неколку стотици лица, синоќа, во Кливленд привремено беше блокиран фрекфентен автопат, во знак на протест поради инцидентот во кој пред неколку дена беше убиено 12-годишно момче, кое пред полицајци од појасот извадило играчка пиштол.
Во текот на синоќешниот протест полицијата го пренасочи сообраќајот, но не презеде никакви мерки против демонстрантите кои прво седнаа на средината од една голема крстосница, а потоа прошетаа покрај Градскиот суд и излегоа на автопатот, извикувајќи пароли : „Рацете горе, не пукајте“ и „Нема правда, нема мир“, пренесоа американските медиуми.
Момчето Тамир Рајс беше убиено во саботата, откако на него пукаше полицаец кој на терен излегол по пријава на непознато лице дека некој на игралиштето мафта „веројатно со лажен пиштол“.
Полицајците пукале во момчето кога одбило да ги крене рацете и со раката тргнало кон појасот, во кој имало нешто што наликувало на пиштол.
Полицијата подоцна утврдила дека Тамир имал реплика на пиштол, односно воздушен пиштол што испукува пластични сачми.
Шефот на полицијата во Кливленд, Калвин Вилијамс, не сакаше да ги коментира протестите во својот град, што се одвиваат истовремено со демонстрациите ширум САД заради одлуката на поротата во Фергусон, во сојузната држава Мисури, да не се покренува обвинение против белиот полицаец Дарен Фергусон, кој од службеноот огнено оружје го уби невооружениот црн тинејџер Мајкл Браун.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени
-
Се протестира во Молдавија за обединување со Романија


