Народот гласа во Битола, а не Бранко. Битолчани не сакаат време кога ништо не се правеше во Битола, сакаат дела. Нашата крајна цел е да направиме што е можно повеќе проекти во интерес за сите, ветуваме и реализираме, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на вечерашниот митинг во Битола.
Груевски истакна дека во ова време веќе не се живее на стара слава и дека граѓаните сакаат секој месец да гледаат дека се работи, односно дека се прават нови чекори за подобрување на животот.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги потсети битолчани дека во времето кога градот имал градоначалник од СДСМ на Битола ѝ се случи ТАТ, а повеќе од 30.000 луѓе останаа без своите заштеди, кои изнесувале и по повеќе од 100.000 германски марки, а болницата била на работ на функционалноста.
-Битолската болница е целосно опремена со најсовремена апаратура, а лекарите ги праќаме во најголемите светски центри на обука, со заеднички сили индустриската зона „Жабени“ е изградена, понудивме едно евро од квадрат и ја завршиме работата, се купуваат парцели, почна да се гради во Битола, во Илинден, во Петровец, секаде каде што има индустриски зони – посочи Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница


