| четврток, 6 декември 2018 |

„Тажна љубов, среќна песна“ – апсолутен радиски хит за 2014

„Тажна љубов, среќна песна“, песната со која Тамара Тодевска настапи на овогодинешниот „Макфест“, е прогласена за апсолутен радиски хит за 2014 година на вечерашниот седми по ред фестивал МАРС (Македонска радиска селекција).

Покрај бронзената статуетка таа доби и парична награда од 60.000 денари и бесплатно користење на Универзална сала во 2015 година исклучиво за свој солистички концерт.

Истата песна беше наградена и во категоријата најдобар текст, а авторот на текстот Игор Џамбазов, добива парична награда од 10.000 денари.

За Радиски хит според публиката беше прогласена „Мандарина“ на Влатко Лозаноски. И Лозано бесплатно користење на Универзална сала во 2015 година исклучиво за свој солистички концерт, како и парична награда од 30.000 денари.

За идол на нацијата беше прогласен Даниел Кајмакоски, а ѕвезди од сосетството годинава беа Нина Бадриќ и Бојан Маровиќ.

Останатите награди заминаа во рацете на Биба Додева за баладата „Врати се“, Сара Мејс за најдобар радиски женски вокал, а Димитар Андоновски за машки. „Нокаут“ победи во категоријата група, откритие на годината – „Бета хаус“, а за нивните песни статуетка добија и Викторија Лоба, Кристина Арнаудова и Тајзи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top