| четврток, 6 декември 2018 |

Четворица полицајци повредени – им претрчал пешак на автопат

Четири полициски службеници се повредени во тешка сообраќајна несреќа која вечерва се случила на автопатот Тетово – Гостивар. Тие се превезувале со полициски џип кога во еден момент загубиле контрола врз возилото и се превртиле.

Според првичните и неофицијални информации, полицаецот кој управувал со возилото изгубил контрола над истото обидувајќи се да избегне човек кој го претрчувал автопатот, пренесува „Прес24“ повикувајќи се на полициски извори.

За среќа, сите повредени полицајци се надвор од животна опасност.

Од МВР ја потврдуваат несреќата и велат дека нивни екипи веднаш излегле на терен за да извршат увид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top