| четврток, 6 декември 2018 |

Полициски џип се превртил на патот Гостивар-Тетово

Полициски џип со ознаки на граничната полиција е тешко оштетен и превртен на автопатот меѓу Тетово и Гостивар,. Полицијата врши увид на местото на несреќата. Според неофицијалните информации повредени се четворица полицајци. Нивната здравствена состојба е стабилна.

Причина за несреќата, според неофицијалните информации, е пешак на автопат. Возачот на возилото изгубил контрола над џипот откако се обидел да избегне човек кој го претрчувал автопатот.

Нови детали тука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top