| четврток, 6 декември 2018 |

Имаш потреба да го изневериш партнерот! Зошто?

cheattext0

Некои сметаат дека изневерувањето е карактеристично за посилниот пол. Излегува дека, сепак, според истражувањето на терапевтот Зета Вебер, денес жените изневеруваат многу повеќе од мажите.

– Многу жени велат дека држат до добриот секс. Освен тоа жените бараат да бидат освојувани секој ден, да се вложуваат напори за нивно придобивање и да не се доживуваат како своина за нивните сопрузи , вели д- р Вебер.

neverstvo

Искушенија  

Модерниот живот нуди безброј искушенија, симпатични колеги на работа, безброј слики на секси мажи во промотивните реклами. Денес е и многу полесно да се покријат трагите, едноставно испраќајќи порака, „Треба да останам до доцна на работа. Те сакам! “. Модерните жени дури често ги следат примерите на холивудските ѕвезди.

– Се сомневам, дека верноста е апсолутно неопходна за една врска, рекла неодамна Анџелина Џоли. Ниту Бред, ниту јас, некогаш сме тврделе дека заедничкиот живот треба да не врзува еден за друг. Едноставно се обидуваме никогаш да не се ограничуваме. Меѓутоа, постојат одредени разлики во мотивацијата за неверство помеѓу мажите и жените.

Недостаток на задоволство  

Мажите, кои сметаат дека се среќни и задоволни од партнерката, сепак изневеруваат. Кај жените, сепак главната мотивација е недостатокот на нешто важно. Жените не изневеруваат само заради сексот. Сексуалното задоволство е на второ место.

otkrijte-go-virtuelnoto-neverstvo-70152

Главен виновник за изневерите кај дамите е поврзан со емоционалната состојба. Ова важи особено за жените над 30 години. Жените имаат љубовни афери со други мажи, бидејќи не добиваат доволно љубов и внимание, кое им е потребно.

Другата опција за намера за неверство е здодевноста и желбата за промена и возбудливи емоции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top