| четврток, 6 декември 2018 |

Антитерористичка акција во Бугарија: Се апсат исламисти и оџи

Бугарската полиција спроведе специјална акција во Пазарџик, Пловдив, Смолјан и Хасково за проповедање на антидемократска идеологија и пропаганда за војна. Извршени се преку 40 апсења, а меѓу уапсените е и имамот на Пазарџик Ахмед Муса Ахмед. Запленети се и бројни докази, соопштија од  обвинителството и додаваат дека деталите ќе бидат дадени, кога веќе нема опасност за спроведување на истрагата.

Претресени се 40 адреси и од домови и канцеларии се запленети компјутери, документи и докази.

Во Пловдив ромските населби “Столипиново” и “Шеќер маало” се уапсени 100 луѓе и биле однесени на распит во различни регионални полициски управи, информираат локалните медиуми.

Полицијата уапсиле оџа и имами кои ја воделе верската настава во “Шеќер маало”, како и нивни блиски. Направени се претреси во нелегалните верски училишта, запленето е големо количество литература.

Масивна операција е спроведена наутро и во “Столипиново”. Таа е против наводни поддржувачи на “Исламска држава”.

Ромскиот кварт “Лозница” во Асеновград исто така беше блокиран од полиција и жандармерија. За време на специјализираната акција беше уапсен и одведен на распит во оџата Стефан Димитров. Неговото живеалиште беше претресено, а полицајците заплениле компјутер.

Акцијата во ромската населба “Исток” на Пазарџик, се случи во присуство на медиумите, заврши со апсење на имамот Ахмед Муса и негов соработник во џамијата “Абу Бекир”. Во вторникот наутро регионот осамна блокиран од околу 300 припадници на полицијата и жандармеријата.

Според неофицијални информации при акцијата се запленети оружје и книги, кои проповедале салафизам. Според полицијата во ромското маалото има околу триесет “хибернирани клетки” на “Исламска држава”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top