| четврток, 6 декември 2018 |

„Ромале, ромали“ чини 30.000 евра – колку чинат останатите хитови?

Песната „Ромале, Ромали“ на Ана Николиќ, за која авторот Зоран Кики Лесендриќ наплатил 30.000 евра, е најскапата песна на српската естрада, анализира „Блиц“.

– Песната „Ромале, Ромали“ ми донесе 30.000 евра, но тоа не е голема сума ако се земе предвид дека Ана Николиќ со неа заработи 300.000 евра – вели Кики за „Блиц“.

На второ место по заработка за една песна е авторот Саша Драѓиќ, кој за победничката песна на „Ѕвездите на Гранд“ наплати 25.000 евра. Се работи за песната „Лаку ноч“ во изведба на Адил, кој во сабота за првпат ќе настапи во Македонија.

Тоа е најскапата песна која сум ја направил, но со гордост можам да речам дека донесе многу поголема заработка, бидејќи навистина стана голм хит – вели Драѓиќ.

Според податоците, српските пејачи се спремни да одвојат и до 150.000 евра за еден албум, а инвестицијата во песните од познати автори не секогаш им се исплати.

На пример, трет на листата на пејачи кои платиле најскапо за своите песни е Бобан Рајовиќ, кој даде 18.500 за песната која го прослави. „Усне боје вина“ е дело на Марина Туцаковиќ, Ромарио и Кобац, песна која Рајовиќ вели неколкукратно повеќе му се исплатела, за разлика од неговата следна инвестиција.

За песната „Аутопут“, за која никој не ни слушнал, дадов 8.000 евра. Иако повторно беше дело на Марина, Кобац и Мили, не постигна никаков успех. Она што не ти се враќа со работа, најскапо те кошта – вели Рајовиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top