| четврток, 6 декември 2018 |

Северна Кореја: Мораме да ги уништиме САД

Новите санкции на ОН кон Северна Кореја причина за зголемување на тензиите на Корејскиот полуостров. Властите во Пјонгјанг упатија закана за воен напакон кон САД и Јужна Кореја, а тие пак за утре најавија заеднички воени вежби.
– Мораме да ја искористиме целата наша моќ за да ги уништиме САД и останатите непријатели. Што и да направат САД, победата е наша, порача Пјонгјанг.

Амбасадорката на САД во ОН пак, ги поздрави последните санкции кон Северна Кореја кои ги поддржа дури и КИна, а со кои оваа земја и практично е отсечена од светот.

– Овие заеднички санкции ќе ги заболат многу силно, затоа што ќе се засили изолацијата на Северна Кореја, изјави амбасадорката на САД во ОН Сузан Рајс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top