| четврток, 6 декември 2018 |

ОН: Трговијата со деца е во пораст

trgovija so luge

Канцеларијата на ОН за дрога и за криминал, денеска соопшти дека една третина од жртвите на трговијата со луѓе се деца, при што нивниот удел постојано се зголемува, јави ДПА.

Според извештајот на Канцеларијата, кој се однесува за периодот 2010-2012 година, од сите регистрирани жртви на трговија со луѓе, 33 проценти се деца, што е пет проценти повеќе во споредба со периодот 2007-2010 година.

Канцеларијата собрала информации за жртви на илегална трговија од 152 земји, кои биле принудувани да даваат сексуални услуги, принудно да работат и да вршат други активности.

Според ОН, проблемот е најголем во Африка и на Блискиот Исток, каде што повеќето жртви на трговија се момчиња и девојки, иако трговијата со луѓе е распространета низ целиот свет.

Голем дел од жртвите на шверцот со луѓе на Блискиот Исток се по потекло од Јужна и Југоисточна Азија, а во Северна Америка значителен дел од жртвите се од Источна Азија.

Во Западна Европа најголема веројатност да бидат жртви на експлоатација има за луѓето по потекло од Источна Европа и од Западна Африка.

Шверцерите со луѓе најчесто се фокусираат на жени и на девојчиња, се наведува во извештајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top