| четврток, 6 декември 2018 |

Македонската филхармонија ќе добие Орден за заслуги за Македонија

filharmonija-2

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ќе ја одликува Македонската филхармонија со Орден за заслуги за Македонија, по повод 70-годишнината од нејзиното формирање.

Македонската филхармонија се одликува со Орден за заслуги за Македонија, за исклучителни резултати во седумдецениското работење како еден од стожерите на македонските културни вредности, особено преку презентирање и промовирање на македонското и светско творештво во областа на класичната симфониска музика, а со тоа и афирмација на културното живеење и културното наследство на Република Македонија во светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top