| четврток, 6 декември 2018 |

50 илјади „исчезнати“ азиланти низ Велика Британија

britanijaНад 50.000 странски имигранти кои побарале, а не добиле азил да живеат во Велика Британија од 2012 година се сметаат како „изчезнати и без трага“. Според податоците на британскиот Парламент, Хоум офисот нема сознанија каде се тие луѓе, како што не знае дали некои од нив и колкумина самите си заминале. Познато е само дека за еден од петмина одбиени азиланти, никој не знае каде се наоѓаат.

Други 175.000 азиланти се’ уште чекаат да бидат депортирани од земјата откако не добиле азил. Имиграциските власти на Британија треба да решат дури 29.000 случаи на азиланти од разни страни на светот, дојдени легално или илегално во земјата, а бројот на оние кои чекаат решение за своето барање да останат во Велика Британија само минатата година е зголемен за 70 отсто.

Опозициските лабуристи за ваквата состојба ја обвинија неспособноста на власта да го уреди имиграцискиот систем во земјата и покрај ветувањата на конзервативците и на премиерот Дејвид Камерон дека тие ќе ја намалат имиграцијата на само неколку десетици илјади луѓе.

Како азиланти се јавуваат државјани на земји кои не се во ЕУ, а особено оние од земјите на третиот свет и посебно од Комонвелтот. Тие исто така аплицираат за социјални бенефиции, затоа што најчесто доаѓаат со своите семејства, за разлика од имигрантите од Унијата, кои доаѓаат сами, во потрага по работа и повисоки плати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top