| четврток, 6 декември 2018 |

Могерини бара „рестартирање“ на односите со Русија

MogheriniВисокиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини повика за „рестартирање“ на односите на Западот со Русија.

– Русија има блиски односи со ЕУ и е многу важна од гледна точка на нашата заедничка географија, историја, култура, економија и енергетика, изјави Могерини за австриски Курир.

– Неопходно е рестартирање. Русија е стратешка држава, но во моментот не е стратешки партнер. Би било добро да се обнови стратешкото партнерство со Русија, вели таа.

Според неа, „однесувањето на Русија по однос на Украина не е однесување на партнер“.

– Русија е одговорна за безбедноста во источна Украина, нагласи Могерини. Таа ја повика Русија да не гледа непријател во НАТО, и во исто време ја посоветува Алијансата „да ја разгледа Русија како можен партнер“.

– Нема враќање кон времето на Студената војна“, изјави Могерини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top