Чешкиот претседател Милош Земан за време на неговата посета на Казахстан, поддршката кон чешките компании ја искажа на неговиот специфичен начин, јавија медиумите во Чешка.
Земан фалејќи ги чешките пиварници, кои според него се најдобрите во светот, не се воздржа да забележи дека американските пиво е само „валкана вода“.
Во Казахстан, чешките фирми потпишале меморандуми за договори во вредност од околу 450 милиони долари, кои се однесуваат на снабдување на технологија во земјоделството, рударството, како и оружје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


