| четврток, 6 декември 2018 |

Филе: Проширувањето на ЕУ не е проблем, туку решение

Причината на проблемот и тешкотиите што постојат не е проширувањето, туку тоа е дел од решението, смета комесарот за проширување на Европската комисија, Штефан Филе.

 

Говорејќи на конференцијата „Проширувањето на ЕУ во перспектива“, која се одржа во Брисел, тој изјавил дека само земјите-кандидати зборуваат за замор од проширување, а, всушност, тоа е замор од реформи.

 

Во време на криза граѓаните на ЕУ се загрижени, но проширувањето не е причинител на проблемите, вели Филе за кого членството на Хрватска претставува доказ на моќта за трансформација на  ЕУ.

 

Според неговите зборови, во претпристапниот период на сите кандидати при надзорот на економската политика поголемо внимание ќе им се посвети на прашањата на транспортот, енергијата, климатските промени и на малите и на средните компании.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top