| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски демант, Крис Танев оценет како низок и слаб, сега игра во првата постава на Ванкувер

Кристофер Крис Танев има македонско потекло, иако е роден во Канада и е еден од најдобрите дефанзивци во НХЛ , која е најсилна хокеарска лига на планетата.

Неговата приказна е интересна и потврдува дека со многу труд може да се достигнат и највисоките цели. Танев на 16-годишна возраст беше елиминиран од тим што се натпреваруваше во локалната лига во Торонто, а причината беше „недостиг од височина и потребна тежина“ за играње хокеј.

tanev

Сепак Крис не се откажа, вели дека премногу го сака хокејот и докажа дека со упорност може да игра и во најсилната лига на светот, во НХЛ. И тоа во еден од најдобрите тимови на планетата, Ванкувер канукс, со познати имиња во хокејот како што се браќата Седин, Врбата, голманот Милер….

Танев е дури и дел од првата постава на Канукс, моментно третопласираната екипа во западната конференција. Ноќеска тој имаше една асистенција во победата на Ванкувер против Чикаго со 4-1, а досега „собра“ шест поени во 21 меч. Крис има само 24 години и пред него се уште многу сезони со предизвици во една од најсилните професионални лиги во сите спортови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top