Министерот за зравство Никола Тодоров најави 25 проценти зголемување на платите од кои 4 проценти доаѓаат од редовното зголемување на платите кое што го најавивме во програмата, 9,2 проценти е дополнителното покачување со ноемвриската плата и 9,2 проценти што ќе следи со февруарската плата. Се заедно излегува околу 25 проценти покачување, истакна премиерот Никола Груевски на вечерашното гостување на вестите на телевизија Алфа. Тој посочи дека покачување ќе добијат сите лекари специјалисти во клиниките во Скопје и Градската болница „ 8 септември“.
-Парите главно доаѓаат од заштедите што беа направени на тендерот за инсулин и на тендерот за набавка на лекови. Ние го сменивме законот, направивме реформи, тоа го најавивме во нашата програма. Го најавивме во законот дека ќе направиме реформа и паралелен увоз со што ветуваме дека за истите лекови, истиот квалитет цената ќе биде пониска, државата ќе направи заштеда и со таа заштеда ќе инвестираме во нешто друго, истакна Груевски.
Првиот тендер што го објавивме, појасни Груевски, беше централизиран со параленен увоз откако се смени законот.
-Во првиот тендер се објави набавка централизирана за 72 лека, односно секоја здравствена установа ги даде двата најфреквентни лека и двата најскапи лека . Вкупно 72 лека. Од овој тендер заштедата е 6 милиони евра кои што 110 милиони одат за покачување на платите во клиничкиот центар мајка Тереза ГБ „8 септември“ а другиот дел одат за санирање на неколку болници, посочи Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Општина Дебрца поништила јавна набавка за да склучи нов договор за два и пол пати поголема цена
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница


