| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: за мандатите одлучува Собранието, сакам да се соочиме со СДСМ во Парламентот

собраниеПремиерот Никола Груевски сака ставовите на партиите да се соочуваат во Законодавниот дом.

При гостување во Алфа ТВ прашан околу тоа дали ќе им бидат одземени мандатите на пратениците од опозицијата кои не присуствуваа на ниту една седница премиерот одговори дека законите мора да се почитуваат.

-Не зависи од мене дали ќе им бидат одземени мандатите на овие пратеници. Тоа зависи од законите, актите.  Јас сакам тие да се вратат во Парламентот , таму да ги соочиме аргументите. Тие таму можат да дадат критика, ние да ја слушнеме. Претседателот на Парламентот мора да го спроведе законот, рече Груевски за Алфа.

Премиерот истакна дека спротивно на неговата волја, може да дојде до ситуација кога нема да постои друг избор, освен да се одземат мандатите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top