Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров смета дека западните санкции против Русија имаат само една цел- да предизвикаат „смена на режимот“ во Русија.
-Западните лидери јавно велат дека санкциите мора да ја здоболат руската економија и да предизвикаат немири и протести. Западот не сака да ја смени руската политика , сака смена на режимот во Русија. Практично тоа веќе никој не го негира- нагласи рускиот шеф на дипломатијата.
Според него оваа затегнатост меѓу Русија и западот не е изненадувачка, туку дека тензиите раснеле и пред украинската криза. Разиката е во тоа што земјите од Европа сега зазеле став против Русија играјќи „на се или ништо“. Ако ништо друго барем јасно ги истакнаа позициите, додава тој.
-ЕУ е нашиот најголем трговски партнер. Никој нема сам себе си да си пука в нога одбивајќи соработка со Европа но на сите им е јасно дека работите веќе нема да се вратат како што беа . Нам не ни треба таков пднос во кој се нагласува дека „Русија треба да направи ова или она“. Ние сакаме соработка на ист левел- анализира Лавров.
Во однос на САД, тој ушпте еднаш нагласи дека Русија секако не е „антиамерикански“ настроена но во преден план ги става своите, а не туѓите интереси.
-Не го прифаќаме ставот на оние кои велат ’помирете се со тоа. Сите мора да патат заради тоа што САД имаат избори секои две години и ништо не може да се стори. Опуштете се и прифатете го тоа’. Тоа нема да го прифатиме заради преголемиот влог.Тука не станува збор за антиамериканизација или создавање антиамериканска коалиција. Тука станува збор за природната желба на се поголем број нации кои сакаат да ги чуваат своите витални интереси, тоа да го прават на начин за кој тие мислат дека е треба, а не како ќе им кажат од надвор- заклучува Сергеј Лавров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


