Ќе бидам градоначалник на сите жители на Струга без оглед на нивната верска, етничка и политичка припадност, нагласи д-р Владимир Кочоски заедничкиот кандидат за градоначалник на Струга на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ.
На обвинувањата на ДУИ и ДПА дека коалицирањето меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ може да предизвика голема поделба меѓу Македонците и Албанците, пратеничката Лилјана Затуроска рече дека токму актуелниот градоначалник Рамиз Мерко е виновникот за етничките поделби во градот.
Кочоски истакна дека во неговата досегашна професија како хирург никогаш не ги делел граѓаните и дека нема намера тоа да го прави ниту во иднина. Тој побара подршката од стружани за да го направи градот подобро место за живеење.
– Јас сум хирург и до сега со моетото долгогодишно искуство сум работел со секакви луѓе без разлика на нивната верска или етничка припадност, дали се богати или сиромашни. Ќе продолжам да работам во тој стил, рече Кочоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.