
Американскиот претседател Барак Обама го повика Конгресот да гласа за реформа за имиграцијата и јавно ја бранеше својата одлука со указ да ја уреди правната положба на околу пет милиони нелегални имигранти во земјата, пренесоа француските медиуми.
-Сметам дека најдобро средство за уредување на овој проблем е двете партии да работат заедно и да гласаат за прифаќање на законот – рече претседателот во својот неделен краток говор, што директно се пренесува на радио и телевизија.
Тој го спомена предлог законот, одобрен од Сенатот, но отфрлен од Претставничкиот дом на Конгресот.
-Таквиот закон ќе ја засили контролата врз нашите граници, а во исто време на имигрантите, кои тука живеат долго време, ќе им даде можност за натурализација – рече Обама.
-Но, во очекување на законот, имам право да завршам некои работи за нашиот имиграциски систем да го направам поправеден – посочи Обама.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


