| четврток, 6 декември 2018 |

Обама ги одобри новите директиви за американската војска во Авганистан

обама

Американскиот претседател Барак Обама ги одобрил плановите што на американските воени команданти им даваат пошироки надлежности во борбата со талибанците, откако следниот месец формално ќе завршат борбените операции на САД и НАТО во Авганистан, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се на високо позициониран функционер на американската Влада.

Одлуката, што била донесена во последните недели, на американските сили во Авганистан ќе им дозволат извршување на ограничени мисии против талибанците. Тоа ќе бидат операции, што ќе се спроведуваат, доколку се утврди дека се неопходни за да се заштитат Американците или да се даде поддршка на авганистанските сили за безбедност.

Според цитираниот американски функционер, веќе нема да се земаат за цел борци само затоа што се членови на талибанското движење чии членови се директна закана за САД и коалициските сили во Авганистан или им даваат поддршка на Ал Каеда, туку „ќе бидат преземени соодветни мерки за да се осигура безбедноста на Американците“.

Весникот „Њујорк тајмс” во свој текст од петокот соопшти дека новите надлежности ќе дозволуваат американските авиони ловци и бомбардери, како и беспилотни авиони да им ја дадат неопходната поддршка на авганистанските сили во нивните борбени мисии, дополнуваат британските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top