| четврток, 6 декември 2018 |

Здравство: Редовните професори специјалисти со стаж над 30 години ќе земаат плата над 64 илјади денари

doktori

Докторите специјалисти на универзитетските клиники ќе добијат зголемување на ноемвриската плата за 9,6 отсто и на мартовската плата покачување за ист толкав процент, соопшти Никола Тодоров, министерот за здравство, кој гостуваше во вестите на Сител.

Како што појасни Тодоров, докторите специјалисти со 15 години работен стаж и пет дежурства во месецот ќе земаат плата 50.000 денари.

Професорите специјалисти – редовни професори со над 30 годишно работно искуство и пет дежурства во еден месец, ќе земаат плата од над 64.000 денари.

Во овие суми не се пресметани дополнителните приходи кои специјалистите ги земаат за дежурства.

Ова е одлука на Владата и Министерството за здравство донесена како резултат на заштедата од речиси 6 милиони евра, постигната во најголем дел на универзитетските клиники со последната спроведена централизирана набавка на лекови за јавните здравствени установи со овозможен паралелен увоз.

Истото денеска го изјави министерот за здравство Никола Тодоров, кој рече дека станува збор за вкупно зголемување на платите на докторите-специјалисти од над 24 отсто, во кои се влезени 4 отсто кои веќе ги добија како зголемување со исплатата на октомвриската плата. Посочи дека доколку се земе предвид и ова зголемување, значи во овој период платите на докторите-специјалисти од клиниките се зголемуваат за над 24 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top