| четврток, 6 декември 2018 |

Дрес-код за новинарите ако сакаат интервју од Кејт и Вилијам

kejt i wilijam

Војводката од Кембриџ Кејт Мидлтон и принцот Вилијам од 7. до 9. декември ќе претстојуваат во САД, а американските медиуми се запознаени со „дрес кодот“ ако имаат можност да ја интервјуираат кралската двојка.

Вилијам и Кејт ако имаат време ќе разговаараат со новинарите, но тие се предупредени дека не треба да носат фармерки, тренерки и патики.

– Секој новинар кој ќе ја интервјуира кралската двојка ќе мора да го почитува дрес кодот за формални настани од почит кон кралските гости. Костум за мажите со кравата, а и за жените исто така костум (здолниште или панталони). Лежерно облечените медиумски работници, во фармерки, тренерки или патики нема да бидат примени, се наведува во соопштението.

Нејасно е дали дрес кодот ќе важи и во спортската сала каде кралската двојка ќе присуствува на натпреварот на Бруклин Нетс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top